Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски преку Фејсбук порача дека Кастриот Реџепи, кој иако ставил свој потпис на иницијативата за доверба на Владата, не се појави на седницата, е во Бугарија. Како што вели Милошоски, дали самиот заминал, или дали е однесен и уценет, тоа вели го знаат само Заев и ДУИ.