Членот на извршниот комитет и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во изјава од посета на Охрид кажа дека СДСМ не е способна да ги заврши ниту пак да ги продолжи капиталните проекти како автопатот Кичево-Охрид што ги започна ВМРО-ДПМНЕ.
Милошоски кажа дека министерот за транспорт лаже кога вели дека 700 работници работат на патот Кичево-Охрид и дека единствено може да се видат 700 дупки на самиот автопат.
Прво ќе кажам дека тоа што го започна ВМРО како капитални проекти автопатот Кичево Охрид СДСМ очигледно не е способна да го доврши ниту да го продолжи. Министерот за транспорт лаже дека на патот работат 700 работници ние денеска на патот видовме 700 дупки но не видовме 700 работници а ваквиот несреден пат загрозува и безбедност во сообраќајот но го загрозува и му штети и на туристичкиот потенцијал и на стопанскиот потенцијал на Охрид и на Струга појасна Милошоски.
Милошоски потенцираше дека доколку автопатот Кичево-Охрид бил завршен како што било планирано во 2018 година ќе имало побезбеден сообраќај а воедно и подобри стопански и туристички услови но очигледно е дека СДСМ е неспособна да го испорача овој проект. Тој дополни дека време е овој проект да го заврши една поспособна влада.
Доколку патот беше завршен како што беше планирано 2018 година денес ќе имаше и побезбеден сообраќај и подобри стопански и туристички услови за Охрид и Струга. За жал СДСМ е неспособна тоа да го направи и мислам дека е време и овој проект да го заврши поспособна влада заврши Милошоски.