За Антонио Милошоски Иницијативата за вонреден конгрес во март во ВМРО-ДПМНЕ, на неколку поранешни членови на оваа партија, не е статутарна, а политички гледано е координирана со Зоран Заев, на кој како што вели очајно му треба дефокусирање од лошите политики чија што цена ја плаќаат граѓаните со економски и здравствен колапс.
Како што вели Милошоски во ВМРО-ДПМНЕ воопшто не се изненадени од ваквиот чекор на неколку лица кои подолго време имаат одредена дистанца од оваа партија.
-Оваа иницијатива не е статутарна, ниту е правна. Ова е политичка иницијатива на група на луѓе кои што имаат за цел да му помогнат на Заев и да му фрлат гума за спасување. Во моментите кога државата е хибриден режим, најкорумпирана држава во Европа, нула вакцини, три илјади жртви, 55 илјади нови невработени и многу затворени фирми, оваа група се обидува тоа да го релативизира и Заев кој што е во моментов во самото Собрание е на стаклени нозе со своето мнозинство, да може да ја дефокусира јавноста, да се занимава со споредни теми во опозицијата, вели Милошоски.