Имало затворена седница на Владата на која што госпоѓата Ејупи била именувана на генерален конзул на РС Македонија во Њу Јорк. Ова го изјави Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата Дебати на ТВ Шења.
Милошоски за ова свое тврдење се повика на извори од МНР и од Владата на РС Македонија.
Поранешниот министер за надворешни работи тврди дека одлуката за Бесмира Ејупи е донесена намерно на затворена седница за да им се ускрати правото на медиумите на достап до јавна информација.
Тој истакна дека именувањето е повлечено заради реакцијата на јавноста и додаде дека тврдењето на министерот Османи дека такво именување воопшто не се случило не е вистина.
„Не сум слушнал дека госпоѓата Бесмира Ејупи или господинот Петрит Муслиу биле афирмирани во меѓународна политика или во надворешни односи“, извјави Милошоски додавајќи дека тоа е плод на девијацијата на луѓе што се предолго на власт, кои сметаат дека нивните желби се посилни од законските норми.