Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски преку социјалната мрежа facebook најави повлекување на  предлогот за номинација на Фрчкоски за македонски амбасадор во Вашингтон.
„Ова ќе биде последица на реакциите од страна од стратешкиот партнер кои пред неколку дена по дипломатски пат стигнале директно и до Заев, со прашање дали е сигурен дека Фрчковски би можел да добие НАТО безбедносен сертификат, што е предуслов за размена на строго доверливи информации на највисоко државно ниво?
Заев се правдал дека нема детални информации на таа тема за предложениот амбасадор, но дека ќе разговара со Фрчкоски за да му понуди друга функционерска опција, надвор од дипломатијата“, пишува Милошоски.