Антонијо Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната изјава во посета на општина Велес, одговарајќи на новинарско прашање рече дека во собранието по нарачка на Зоран Заев, се прави филибастеринг по однос на Законот за лични карти, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, односно како што рече тој после сите национални понижувања, тие сметаат дека делумно би се зачувало националното достоинство доколку во личните карти може да стои етничката припадност.
-ВМРО-ДПМНЕ има еден принципиелен став, после сите национални понижувања ние сметаме дека би било делумно за зачувување на национално достоинство, ако во мојата лична карта пишува дека сум Македонец , ако на мојот комшија му пишува дека е Србин, Албанец, Ром, Турчин или што и да е друго по националност. И тоа за нас е прифатливо. Со една забелешка да не мора во личната карта да стои новата придавка на државата, бидејќи за истата има рок од пет години. А, тие пет години од Договорот Заев, Димитров и Ципрас не се поминати и не би требало во моментов да се реализираат. Немаме почнато ниту преговори со ЕУ за да исполнуваме се и сешто, изјави Милошоски.