Бугарскиот амбасадор во РС Македонија Ангел Ангелов ќе остане надвор од земјата додека Софија не види знаци на промена. Цинично е да се договараат проекти со РСМ додека Христијан Пендиков лежи во болница. Ова го изјави денеска министерот за надворешни работи Николај Милков, пренесува Трибуна. 

Министерот Милков беше ислушан на седница на Комисијата за надворешна политика на којашто беше поканет и амбасадорот Ангелов.

„Ако РСМ продолжи да се однесува така возможно е повторно да поставиме вето“, изјави Милков и додаде дека Бугарија останува отворена за дијалог ако се разгледуваат проекти за заштита на Бугарите во РСМ и тие да бидат на дневен ред.

„Ако тоа не се случи можеме да ги стопираме сите други меѓувладини проекти. Ќе го подигнеме прашањето и пред Организацијата за безбедност и соработка и пред Советот на Европа. Работите не можат да продолжуваат така, треба да стане јасно дека тие треба да се променат а ниеќе ги разгледаме компонентите и елементите на нашата соработка“, изјави Милков.

„Нашиот амбасадор ќе остане надвор од РСМ додека не видиме знаци на некаква промена и можност тој да се врати назад. Тоа е знак дека не може да се продолжи повеќе така. Декларации има многу, ние бараме дела- казни за луѓето што извршиле криминални дела против Бугарите во РСМ. Сите помниме како потпалувачот на бугарскиот клуб доби условна казна затвор и потоа пееше по митинзи таму. Така се претвори во национален херој“, потсети Милков.

Од своја страна амбасадорот Ангелов истакна дека основниот проблем е тоа што МВР не го санкционира анти бугарското однесување во РСМ.
„Не може министерот за надворешни работи да доаѓа во Софија, да говори со Пендиков и да ја отвора темата за напад од омраза а вчера вечерта заменик министерот за локална самоуправа да кажува дека Христијан е нападнат од нарко дилери и дека се работи за криминални активности“, изјави Ангелов. Тој подвлече дека се недопустливи обвиненијата за некакви криминални активности кои власта во скопје сака да ги нападне на жртвата на жестокиот напад.

„Недопустливи се тврдењата дека Пендиков бил суден за трговија со наркотици. Тој ја напушти земјата со својот пасош преминувајќи гранична контрола. Него никој не го бара“, појасни Ангелов.

Тој изјави дека Пендиков поднесол молба за добивање на бугарско државјанство со документ кој докажува дека не бил суден издаден од РС Македонија.

„Ние како дипломати сме испратиме да градиме мостови, но за танго требаат двајца. Требаат напори и од страна на РСМ“, изјави Ангелов.