Министерот за локална самоуправа Горан Милевски го искритикува ВМРО-ДПМНЕ, како што вели, дека си направиле партиски собир од традиционалната манифестација во Кавадарци по повод Св. Трифун, а упати и критики до владиката Агатангел кој беше со Мицкоски.
Жалам што оваа манифестација во Кавадарци во партиска прослава на ВМРО-ДПМНЕ и што еден владика од името на Агатангел се сведе на толку ниски граници, ја извалка мантијата, навредувајќи ги еден голем дел од македонските граѓани и повеќе прави срам на црквата отколку што самиот си прави срам за себе си, изјави министерот Милевски.
Додека зборуваше министерот, дел од насобраните граѓани го прекинаа со неколку дофрлувања, како што е „Доста со мафијашки работи веќе“, како и критики за власта за откупот на грозјето.