Министерот за локална сампуправа Горан Милевски смета дека пописот не е политика, туку е потреба чие спроведување ќе придонесе за носење на одговорни одлуки врз основа на реални податоци. Како што вели тој, простор за одложување на пописот нема, а истиот мора да се спроведе според стандардите на Евростат, затоа што само на тој начин податоците ќе бидат од корист.
-И покрај обидите за политизација на пописот уште пред да започне, секој добронамерник и одговорен граѓанин на оваа држава има обврска да го почитува законот и да се попише. Согласно Законот, на единиците на локалната самоуправа им е дадена голема одговорност: обезбедување на простории за работа на комисиите на пописните реони, предлагање на членовите на пописните комисиите, а претседатели на комисиите ќе бидат секретарите на општините каде што е седиштето на пописниот реон, порача Милевски.
Министерот за локална самоуправа ова го изјави на вчерашната средба на целиот државен врв со градоначалните на општините, а по повод пописот кој треба да се спроведе оваа година во април месец.