Сијка Милева, портпаролка на главниот обвинител Иван Гешев во Бугарија, за „360 степени“ изјави дека автобуската несреќа која се случи на денешен ден пред точно една година, а во која загинаа 45 македонски граѓани, се случила поради човечка грешка.

Милева вели дека трагедијата е резултат на два последователни настани – удар на автобусот во оградата, па пожар. Вештачењата покажале дека во автобусот немало пиротехники или други лесно запаливи материјали, ниту пак дека се работи за терористички напад.

„Експертизата докажа дека возачот на автобусот возел со прекумерна и неприспособена брзина и дека причината за сообраќајната незгода е човечка грешка“, вели таа.