Според молдавскиот истражувачки новинар Ion Harghel, Миленко Неделковски аплицирал за грантови во висина од 100.000 евра во НВО „Assoziation Journalisten im Kampf um den Frieden“ – AJKF, (Асоцијација на новинари за борба за слобода).
Според Harghel, oваа организација е параван на руските разузнавачки служби, задолжена за придобивање на новинари од Европа кои ќе формираат и пласираат пропагадна во корист на Русија а на штета на ЕУ, НАТО и САД.
Неделковски во 2015 година аплицирал за пет грантови во АJKF во висина од 100.000 евра. Harghel истакнува дека по одобрувањето на финансиските средства, Неделковски започнал со реализација на грантовите преку изработување на специјални тематски емисии на платформата Youtube и колумни во порталот „Дудинка“. Сите грантовите имале за цел да пласираат наративи и и лажни вести против стратешките определби на земјата – зачленување во НАТО, отпочнување на пристапни преговори со ЕУ, поткопување на довербата во институциите и креирање на поларизација во македонското општество.
Неделковски од AJKF побарувал 21.500 евра за изработка на емисии и колумни за темата ГМО, и креирал лажни вести и наративи за инволвираноста на САД во пласирање на ГМО продукти во Македонија.
Во 2016 година, Неделковски реализирал емисии и колумни за наводна вмешаност на ЕУ и НАТО во политичката криза во Македонија, односно дека западните земји се мешаат во внатрешните политички процеси. За оваа кампања, Неделковски побарувал 18.000 евра грант од АЈKF.
Неделковски во 2016 година реализирал грант во висина од 22.000 евра за креирање на наративи и негативна перцпеција за македонските НВО кои соработуваат со организации од западна Европа и САД. Неделковски заедно со неколку приврзаници ја формираа „Граѓанско движење за одбрана на Македонија“ и организираа трибини со цел формирање на јавно мислење против стратешките партнери на Македонија, обвинувајќи ги дека преку „Отворено Општество“ креираат политичка нестабилност во земјата. Ваквите активности на Неделковски предизвикаа широка поларизација во македонското општество.
Harghel констатира дека активностите на Неделковски во периодот 2015 – 2018 година, кои биле финансирани од АЈKF, сериозно го поларизирале општеството и имале потенцијал да ја нарушат безбедносната состојба во Македонија.