Актерката Милена Радуловиќ на својот инстаграм – профил и се заблагодари на инспекторката Весна Гачиќ Стојковиќ за, како што рече, професионалниот пристап во извршувањето на својата работа.
„Капа доле – на оваа невидена жена и нејзиниот професионален пристап! Инспектор Весна Гашиќ Стојковиќ! Не заборавајте на ова име. Не само затоа што може да ви помогне, туку затоа што таквите луѓе ја менуваат Србија на подобро. Ако сте доживеале нешто слично или познавате некој на кој му е потребна помош – еве кој ќе ви помогне! Благодарам Весна!“, напиша актерката на Инстаграм.
Да потсетиме, синоќа како бомба одекна признанието на актерката Милена Радуловиќ, во која таа тврди дека била силувана неколку пати на своја 17-годишна возраст од истакнатиот учител по глума во Белград, Мика Алексиќ.
Во силното сведоштво што го даде Радуловиќ за „Блиц“, младата актерка меѓу другото рече:
„Мика се погрижи сексуалната злоупотреба да се случи за време на час, но во просторија покрај онаа каде што беа другите студенти, или во периодот кога работата се интензивира поради прием во ФДА. Не остави простор никој да се сомнева дека таму се случува нешто толку страшно“, е дел од признанието на Милена.