ВИДЕО: https://fb.watch/4JQfyF0Qdk/

Порталот News33.mk во соработка со порталот Zoom.mk направи ексклузивно интервју со познатиот бугарски филантроп д-р Милен Врабевски.

Во интервјуто д-р Врабевски раскажува за големиот број свои добротворни активности на територијата на Албанија, Косово и РС Македонија.

News33: Како и колку бугарскиот контекст влијае врз развојот на бизнисот меѓу двете земји?

Д-р Милен Врабевски: Односите меѓу двете држави не би требало да влијаат врз бизнисот. Јас, специјално немам никакви проблеми, . Мислам дека човечкото во нас е зачувано и на прво местро треба да сме рационални и да имаме готовност во секој еден момент да продолжиме да докажуваме дека евроинтеграцијата не е клише од Брисел. Тоа вклучува и да сме професионалци. И какви се во моментот двостраните односи, се разбира, би требало да има влијание врз професионалците. Меѓутоа имам слушнато за примери за спротивното и природно како човек, убеден европеец, сметам дека тоталитарните практики во која и да е држава, особено која има намера да тргне шп вистинскиот по европски пат , се апсолутно неприфатливи.

News33: Дали да очекуваме Ваш придонес за формирањето на бугарската заедница во РС Македонија на истиот начин како што придонесовте во Р. Албанија?

Д-р Милен Врабевски: Јас не правам зделки со народот во кој инвестирам. Имам намера да покажам личен пример како јас ја сфаќам прекуграничната соработка, отстранување на јазик на омразата, создавање економски мостови и општо заедничката дејност од двете страни на границата , која ќе даде вредност во развој на определените општествата. Мојата дејносот, на прво место има цел да се научиме да сме луѓе и да си помагаме во еден не толку лесен и високо технолошки 21 век. Затоа, семинарите кои ги организирам за младите луѓе во Македонија, Албанија и други места на Балканот имаат за цел да изградат образовани, интелигентни и млади луѓе со желба да си го градат општеството, кои понатаму ќе бидат достојна основа која ќе ја направат државата достојно место за живеење. Кога јас инвестирам во определено место, било тоа Албанија и Македонија, не очекувам, од младите луѓе во кои инвестирам апсолутно ништо, ниту да си го сменат идентитетот ниту да се наречат некако на начин кој ме задоволува мене. Тоа што на прво место, она што ме интересира е на тие деца да им е угодно благодарение на тоа што некој мисли на нив. Да разберат што ги очекува во еден не така лесен 21от век и да се подготвени да се соочат со предизвиците кои им ги подготвува судбината. Тоа понатаму означува дека тие треба да ја пренасочат таа енергија и без да се зависат од волјата на севишниот да собираат искуства и знаења ноепходни да го градат сопственото општество, без разлика на која страна на границата се наоѓаат.

Бугарската заедница во Албанија е факт, но јас не сакам да постигнам точно само резултат со бугарската заедница, бидејќи кога јас го опремив јазичниот кабинет во Билишта јас дадов и на албанските деца, бидејќи штом тие така добро се грижат за бугарската заедница таму, тие заслужуваат да имаат право на дел од мојата инвестиција.

Кога инвестиравв во регион Преспа и купив за локалната општина, пожарникарско возило, возило за брза помош и џип за социјални грижи, го поправив водовод, го уредив училиштето да изгледа на друг начин уредувајќи компјутерска сала и ја уредувајќи просторијата за учители и библиотеката итн, јас имав идеја дека таму учат деца, државјани на Р. Албанија. Навистина, во регион доминатно населен со Бугари но за мене беше важно да се се разбере дека меѓусебните односи се развиваат во правилна насока кога даваме личен пример за еден добар почеток, почеток кој секогаш приденесува на некоја добиена вредност.

News33: Дали сметате дека Бугарија треба да биде поактивна во балканската политика и дали мислите дека јазот што го остави Бугарија на најдобар начин го користи Србија?

Д-р Милен Врабевски: Кој како ги користи можностите за влијание во геополитика не ми е област. Секоја држава има право да презема решенија според типот на развој кој си го избрала. Мојата уога е повеќе улога на човек кој како типичен филантроп дава добар пример и покажува како според мое мислење треба да се реализираат работите, од страна на луѓето кои имаат можност за тоа. По принцип на преродбата да се научиме да си го градиме сопственото општетсво, без разлика каква должност имаме. Каква ќе е улогата на Бугарија ќе биде во рацете на нејзините политичари, тие секако имаат свои слабости, но мојата улога на судија завршува со тоа. Наместо пристап на критизирање кон средината јас давам предност на тоа да дадам примери како може да се доизградува една соработка од обичните луѓе, без тоа да биде неразделен дел од нивните обврски.

Филантропијата е широко распространета во развиените опшества и јас сметам дека и ние треба да продолжиме да покажуваме дека сме подготвени на таков тип на дејност и односи во општеството и тоа е една достојна позиција и не е лош пример за поддршка.

Бугарија е изгубила многу битки од геополитички карактер и ние разбираме дека и во моментот не сме на страната која постигнува особени добивки. Тоа воопшто не означува дека ми се минимизира достоинството, напротив, заедно со успешните бизниси и добри резултти науката, образованието, културата, јас сметам дека имамшто да дадам на младите луѓе од Албанија Косово, Албанија и од други држави. Едноставната причина е дека ние сме родени тука на таа земја и на прво место треба да се научиме да живееме заедно во љубов и разбирање, во толеранција и секој од нас да се научи да работи за развој на сопственото општество, а како надградување на истото како европско.

News33: Дали Бугарија како членка на ЕУ ќе се залага повеќе за Коридор 8, за тој Коридор да добие повеќе средства од ИПА компонентата?

Д-р Милен Врабевски: Мислам дека локалната геополитика во моментот е против Коридор број 8, и тој нема да се изгради или барем не наскоро. Тоа е еден од пропустите на бугарската дипломатија, огромен пропуст од последните 30 години. Многу нешта беа пропуштени. Кога Ви ја признавме државата, зборувам за Република Северна Македонија, во 91 година, ние пропуштивме да ви ја признаеме црквата. После тоа пропуштивме да бидеме присутни во вашите животи со проекти како оние на мојата фондација, Бугарска памет. Немаше медиуми да го покажат животот во Бугарија на оние кои сакаат да го видат или си интересираат во Република Северна Македонија. Истотака недостасуваше Коридор број 8. Во 21 век да нема магистрала меѓу два европски главни градови, како и железничка линија е израз на специфична насоченост на геополитиката, против интересите на одредени држави. Во чиј интерес е тоа, не е мое да коментирам. Постојат професионалци кои би требало да се занимаваат со тоа прашање. Јас од страна гледам што се случува. Јас многу добро знам што недостига и она што најмногу ме интересира е да ги исполнувам нештата во кои имам можност да се појавам со својата дејност, со иницијативите на фондацијата Бугарка памет, со грижата за младите и се разбира со помошта која може да ја дадам во едно не така лесно време.

News33: Какви се Вашите односи со Албанците и дали имате културна и економска соработка со нив?

Д-р Милен Врабевски:  Односите со Албанците ми се неверојатно добри. Имам многу пријатели меѓу нив, имам структури во трите држави во кои има припадници на албанската заедница, во Република Северна Македонија, Косово и во Албанија. Освен што работиме многу успешно во сферата на научно истражувачката и развојна дејноста на клиничката медицина, многу од младите луѓе со албанско потекло учествуваат во иницијативи на фондација Бугарска памет. Секоја година имам награден фонд, кој вклучува и албански деца. Тој е неразделен дел од социјалната патронажа која сум ја презел за деца од регионот и кој во наградниот фонд предвидува посета на Бугарија, социјална помош за деца кои се нерамноправна положба.

Посетата во Бугарија е обучно поврзана со ваучери за купување на најнеопходни работи за образование и развој на младите. Освен забава секако не ги забораваме и семинарите и формите на обука да ги направат децата приспособени за еден високо технолошки 21ви век. Обично ги обучувам во сферите на кибернетика, роботиката, програмирањето, претприемаштво, финансиската писменост, јазици. Даваме добри примери за Бугарија, како произведуваме сателити, болиди. Како имаме едно образование кое не е лошо и кое те прави веднаш оспособени и со диплома за цела Европа, која е дел од најразвиениот дел на Светот. Исто така ги покажувам можностите за нивен развој во кариера, со желба и веќе докажаната способност да ги помагам и создавам услови младите луѓе да станат идни успешни специјалисти.

News33: Какви се односите со Косово и премиерот Курти и дали се очекува средба помеѓу двете влади?

Д-р Милен Врабевски:  Јас не учествувам во средбите на Владите, но апсолутно сум сигурен дека односите се одлични.Имаме една стабилна врска со Косово и мојата лична форма на придонес за развој на тие односи е моето учество во делегацијата на Европската народна партија пред седум години за оценка на тамошна десна партија дали е способна и дали ги има можностите да учествува активно во евроинтеграциските процеси, како дел неразделен дел, партија членка на ЕНП . Бев поканет од европратеникот Андреј Ковачев, како претставник на претприемачите од Бугарија. Европската комисија, веднаш ме одобри и бев неразделен дел од таа делегација која ја вклучи во ЕНП, вашата десна партија таму. Во моментот иако има многу што да се работи, јас си имам поставено неколку можни цели за подобрување на врските меѓу двете држави. Скоро го опремив клубот на Бугарите во Приштина, со се што им беше неопходно, со техника и друга форма на опрема. Следен чекор ќе биде во соседна Албанија, со предавачи од Гора, кои ќе гостуваат на приватно училиште. Сега е редно да започнам да покажам примери од моето секојдневие. Моето приватно училиште се нарекува Цар Симеон Велики и се наоѓа во Софија, каде како во едно иновативно училиште и амбасадор на ЕУ во Бугарија тоа дава едно невериојатно образование и каде примерите за добри практики кои ги имаме во тоа училиште може да послужат како пример за блиски и соседни држави.

Кога станува збор за помагање, сакам да покажам неколки конкретни примери за да видите во што се состои помошта на фондацијата Бугарска памет за луѓето во соседните држави. Ова тука е најголемата катедрала на територијата на во Република Северна Македонија, која се гради со моја финансиска помош. Ова е компјутерска сала која ја направив во Берово, Република Северна Македонија. Ова е следна компјутерска сала, која ја направив во Струмица. Таа е именувана според создавачот на компјутерот, со бугарско потекло, Џон Атанасов. Имаше потреба и да реновирам едно крило од болницата во Струмица, бидејќи луѓето немаа можност во таа фаза.

После тоа започна ковид кризата и се побара веднаш да испратам заштитни средства за колегите од првата линија, бидејќи истите едноставно не располагаа со такви. Бев замолен лично од ВД Амбасадорот на Република Северна Македонија во Бугарија. Одговоривме веднаш, ова се пакетите со помошта која ја обезбедив.

Потоа го поправив водоводот во Томинец. Ова е веќе во Албанија, општина Преспа или Пустец како се нарекува сега. Купив, како што ви кажав, она што е најважно за тој регион, бидејќи за девет села со 12,000 население немаше противпожарна, возило за прва помош, возило за социјален патронаж, во една испресечна област со тесни патишта за да и однесеш храна на една старица најмалку ти треба еден високо спосособен џип. Го обезбедивме тие возила, на луѓето многу им се допаѓаат. Ги брендиравме за да покажеме дека бугарско-албанското пријателство не е од вчера и има можност уште да се продлабочува.

А во самото село во центарот, во училиштето ја направив оваа компјутерска сала. Овде покажувам како го поддржувам културниот центар во Корча, на Бугарите. На соодветен начин го поддржуваме и оној во Приштина, во Косово. Тие изгледаат ете така. А вашите деца доаѓаат кај мене ете на овој начин. Огромни семинари, во кои често партнери ми се Бугарското преставништво во Европската комисија, фондација Хајнц Зајдел, општина Варна, општина Софија и други такви.

Неодамна со фондација Хајнц Зајдел, за што сум горд да соопштам се гордеам, склучивме договор за соработка и формиравме академија за млади лидери или регионална академија за евроинтеграција каде практично децата од Југо-Западниот регион на Балканот ќе се научат да живеат заедно во вистински формат на таа европската интеграција. И да им го покажам добриот пример за европскиот развој без да сакам нешто од тие деца, јас ги носам во Брисел, каде најчесто Андреј Ковачев е наш домаќин.

Ги сретнав, пред околу една година, директорите од двете страни на границите на Бугарија и Република Северна Македонија, за да се научат да зборуваат заедно, да разменат практики, да видат какви полезни нешта може да направат еден за друг и како понатаму да ги постигнат неверејотано високите квалитати за образование во Европа.

Во меѓувреме, во слодбодното време и активности, ги поддржувам многудентните семејства, со тоа што под моја закрила се наоѓа една огромна иницијатива големото семејство, која има за цел да ги помага семејствата со три и повеќе деца, со оглед на тоа дека сме во демографска криза и имаме неопходност и во развој во тој сектор, од проста причина дека тие многудетни семејства не треба да бидат маргинализирани. Тие треба да се херои на нашето општество. Јас им обезбедувам се што им е неопходно, се разбира таму каде може да се инволвирам.

Продолжувам и со образовни практики, на пример кај Бугарите муслимани.

Многу често ги изнесувам тие свои семинари во соседни држави. На пример досега во Република Северна Македонија, сум бил во Србија, малку во Албанија. Планирам да ја раширам таа дејност. На пример, учебната Телерик академија, највисоко ниво на училиште за програмери, дава лекции на тема програмирање на деца кои имаат интерес за тоа.

Може да бидат дадени многу други примери. Фондација Бугарска памет е еден добар пример за европска фондација која работи за младите луѓе, од срце и со добра желба тие едноставно да станат едни достојни следбеници на добрите практики кои ги имаме ние во своите животи. Претпоставувам дека со тоа давам доволно добар пример каква е мојата визија за иднината и регионалниот развојот на нашиот Балкан.