„Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“, изјави во интервју за ТВ 24 долгогодишниот организациски секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.
Тој изјави дека подготвува кандидатура за лидер на партијата.
„Клучен момент што ќе пресече е да го почувствува импулсот на членството во овој момент. Во однос на другите кандидати, јас сум во предност во однос на нив. Сите структури долго ме познаваат. Јас бев булдожерот на СДСМ во сите овие години“, рече Зечевиќ.
Зечевиќ беше дециден дека не е заинтересиран за премиерската позиција и смета дека единствено со Зоран Заев на премиерката функција ќе се сочува заедништвото на партијата.