Откако претходно Раде Круниќ и Анте Ребиќ беа позитивни на коронавирус во редовите на „росонерите“, сега на тој список се наоѓаат уште две имиња.
Хакан Чалханоглу и Тео Ернандес на последното тестирање добија позитивни тестови на ковид-19, потврди клубот.
Играчите немаат никакви симптоми и веднаш се сместени во домашна изолација. Инаку двајцата фудбалери се важни алки во составот на Стефано Пиоли, па останува да се види дали тоа ќе влијае на играта на Милан.
Клубот од „Сан Сиро“ моментно e лидер во италијанската Серија А со 40 бодови, три повеќе од градскиот ривал Интер. Воедно е и противник на Црвена звезда наредниот месец (18/25 февруари) во рамките од 1/16 финалето во Лига Европа.
Новиот меч во најсилното италијанско првенство ќе го имаат во понеделник од 20.45 часот на гостувањето кај Каљари.