Фудбалерот на Милан, Алесандро Флоренци, ќе отсуствува најмалку пет месеци од теренот, потврди клубот од „Сан Сиро“. Десниот бек замина на операцијата на скинатата тетива, а рехабилитацијата ќе трае до крајот на јануари.

31-годишниот Флоренци се повреди на натпреварот меѓу Сасуоло и Милан (0:0) од италијанското првенство на крајот на август.

Флоренци оваа сезона одигра два натпревари за Милан.

Прикажи повеќе