Милан има намера да доведе неколку добри играчи и во моментов разговара со Челзи.
„Росонерите“ се близу до договор за доаѓањето на Оливие Жиру и зделката наводно е многу близу до реализација, но покрај францускиот напаѓач, „росонерите“ имаат намера да купат уште двајца играчи од Лондон.
Станува збор за крилото Хаким Зијех и играчот за врска Тиемое Бакајоку. Милан ќе работи на своите пристигнувања, а останува да видиме дали ќе успеат во тоа и дали тоа ќе биде на позајмица или откуп.
Милан и Челзи порано тргуваа многу, а неодамна италијанскиот клуб го откупи договорот на одличниот стопер Томори.
Марина Грановскаја е задолжена за сите трансфери во Челзи и таа ќе преговара со Милан. Се чека дека има зелено светло за реализација на споменатите трансфери и во Милано веруваат дека ќе успее во тоа.