Милан се обиде да го донесе играчот за врска на Реал Мадрид, но играчот одби да се пресели на „Сан Сиро“.
„Росонерите“ беа подготвени да платат отштета од 20 милиони евра и договорот со Реал не претставуваше проблем, но шпанскиот репрезентативец преку агент побара годишна плата од дури 9 милиони евра.
Тоа беше далеку над можностите на Милан, чиј најплатен играч е Златан Ибрахимовиќ, кој заработува седум милиони евра.
За споредба, Милан понуди осум милиони евра годишно на Џанлуиџи Донарума, кој сепак реши да не потпише нов договор, па премина во ПСЖ.
Еден од најтрофејните италијански екипи продолжува со потрагата по нов офанзивен играч за врска откако Хакан Калханоглу се пресели во Интер како слободен агент. Иско беше опција, но тој отпадна, исто како и Душан Тадиќ.
На „Сан Сиро“ во наредните денови ќе треба да го решат прашањето за наследникот на Хакан, а засега не е познато кој ќе биде.