Заменик-претседател на бугарската ВМРО-БНД, Милен Михов, вели дека ако Скопје е подготвено да го потпише анекс на договорот за пријателство, тогаш вратите на Северна Македонија за Европкста унија ќе бидат отворени.
„Во Скопје, се добро информирани и имаат нацрт анекс на договорот за пријателство. Сè зависи од РСМ, ако се подготвени да го потпишат анексот – вратите кон ЕУ се отворени. Еден од главните проблеми се потенцијалните тврдења за „македонското малцинство“ во Бугарија, кои продолжуваат да создаваат недоверба меѓу двете земји“, вели Михов во интервју за Локално.
Тој смета дека не треба да се губи време затоа што граѓаните на РСМ ја гледаат својата иднина во заеднички европски дом.
„За жал, гледаме дека е поважно владејачката елита да остане на власт отколку да ги решава проблемите на луѓето. Поважно е да се управува отколку да се следи патот на европската интеграција“, оценува Михов.
Според него, залудни се надежите дека изборите во Бугарија ќе ги зајакнат преговарачките позиции на Скопје.