Петнаесет мигранти од Сирија биле пронајдени во липковско село, некои со повреди на телата, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Во Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија, вчера било пријавено дека околу 10 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север, пронашле 15 лица – мигранти од Сирија, од кои дел имале повреди на телата, се појаснува во соопштението на МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.