Омраза, занемарување, дискриминација врз етничка основа и бројни злоупотреби на службената должност, се само дел од обвинувањата на заменик-директорот на „Национални шуми“, Сафет Мифтари, за директорот Валентин Груевски. На првиот работен ден, Мифтари вели дека побарал неговото име да биде напишано на албански, но потоа, како што тврди, албанската верзија била покриена со црн спреј и од таблата на влезот во институцијата, објави Алсат.
„Имаме 10 сектори и нема ниеден раководител Албанец во нив. Побарав најмалку тројца раководители и тројца заменик-раководители на сектори, но не беше прифатено. Истото се случува и со регионалните единици, така што ова јавно претпријатие е составено од 30 регионални единици, во секој град и исто и кај тие директорски места, според правичната застапеност треба да имаме 9 директори, но и тоа не е направено, има само тројца од ДУИ“, изјави Сафет Мифтари, Заменик-директор на ЈП Национални шуми.
Во оваа институција со над 1.800 вработени, Албанците се застапени со помалку од 5 проценти. Заменик-директорот Мифтари вели дека поради неговата националност директорот целосно го игнорира, па повеќе овластувања од него имале и вработените од пониско ниво. Мифтари се сомнева дека се местат тендери и најави кривични пријави.
Целата вест на Алсат.