Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика жителите на островот Санторини да останат смирени и да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита.

Во врска со зголемената сеизмичка активност што се случува во островскиот регион, тој рече дека властите „управуваат со интензивниот феномен“, пренесува „Прототема“.

„Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да изготви научен преглед на феноменот во следните неколку дена за сите да знаат со што се соочуваме“, рече тој.

Во изминатите 48 часа околу островот се регистрирани повеќе од 200 земјотреси, а зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите и научниците.