Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на наводите на СДСМ дека материјалите од прислушкувањето се нашле кај жртвите и како институциите ги знаат деталите, изјави:

„Па видете, традиција е кога СДСМ е во Владата и кога СДСМ управува со службите во државата, да биде ВМРО-ДПМНЕ следен. Тоа што јас можам да го кажам, веќе го кажав во мојата изјава кога добивме информација за тоа што се случувало во периодот кога бев претседател на најголемата опозициска и најголемата политичка партија, во суштина ВМРО-ДПМНЕ. По природа на нештата, сега логично како претседател на Влада, да добиваме такви извештаи, не е тоа нешто чудно, не е тоа нешто страшно. Очекувам Обвинителството и Судството до крај да го истераат овој случај. Гледам во опозицијата се вознемирени, во СДСМ се вознемирени. И треба да бидат вознемирени затоа што со децении се злоупотребуваат ресурсите на службите. Порано на Управата за безбедност и контраразузнавање, сега Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, така што ценам дека треба еднаш засекогаш да се стави крај на злоупотребата на ресурсите за да влегуваме во туѓите човечки животи. Бедни се тие луѓе коишто наместо со себе, се занимаваат со другите луѓе.“

Текстот Мицкоски: Зошто СДСМ се уплаши, па почна да измислува тези како наводно материјалите се нашле кај жртвите кои биле прислушкувани е превземен од МАКФАКС.