Законот за солидарен данок е данок каде од тие кои се успешни и дисциплинирани се зема повеќе на сметка на оние кои се неуспешни и недисцилинирани и тука пред се мислам на оние кои се творци генератори на сивата економија во Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за време на посетата на општина Новаци одговарајќи на новинарско прашање за ефектот од Законот за солидарен данок.
„Имате даночни раеви на неколку делови во Македонија каде ни фискални сметки важат, ниту важат било какви други законски одредби, дури имате делови и во Скопје каде можете да платите со европска валута и да добиете кусур во европска валута и тоа е пред очите на органите на редот и никој ништо не им може. Ние како да имаме делови каде има паралелен систем и сега тие се амнестирани и толерирани, а овие кои и досега редовни си ги исполнувале редовно своите обврски се повторно казнувани од оваа влада. А целта на Владата е да собере што повеќе пари за сега пред избори во тендери во 4 очи договараат провизии, како што тоа го прават со еден објект недалеку од овде РЕК Битола“, кажа Мицкоски.
Ако мислат дека тоа ќе помине, додаде Мицкоски, за неколку месеци од сега ќе бидат демантирани.
„Ефектот од Законот нема да биде позитивен, тоа ќе ја зголеми фрустрацијата, а на исполнување на даночните обврски. Или државата за едни е мајка за некого не“, заклучи Мицкоски кој додаде „ако не знаат кои се тие даночни раеви, ако не знаат каде се плаќа со евро валута ќе им кажам, а за неколку месеци од сега нема да биде така“.