Премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за борбата против сајбер хибридните напади, најави создавање на примарен центар на податоци или дата центар којшто потоа ќе биде поврзан со институциите на државата, со цел поефикасно справување.
Мицкоски состојбата во моментов ја опиша како чудна, коментирајќи дека имаме центар за секундарна заштита, којшто практично служи за поврат на изгубените податоци при сајбер напад, а немаме примарен дата центар и најголемиот дел од институциите и серверите користат „аутсорсинг“ за да се заштитат.
„Да бидам попрецизен, секој се штити како знае и како умее, а не е тоа организиран пристап“, изјави Мицкоски.
Целокупната безбедност во државата е приоритет, а се чека на финансискат помош од ЕУ. Премиерот нагласи дека Владата има одговорност да ја осигура безбедноста, бидејќи на тој начин го штити суверенитетот на Македонија како држава.