Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес е жарот од каде ВМРО-ДПМНЕ ја црпи и силата и енергијата за големи промени кои мора да се случат. Надежта која треба да се расемени низ сите млади луѓе и да се охрабрат, да се внесе сигурност и чувство на младешка пркост, дека не зависи се од политичарите, од Владата која ја гуши енергијата, од системот кој те прилепува до просечноста, од авторитетите кои се медиокритети, туку дека сега оваа битка да зависи од тебе, од сите нас и доаѓаат тие 5 минути кога треба да се ослободи енергијата која мора револуционерно да ги промени работите, порача денеска од Велес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќањето на 32-та годишна конференција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ „Иднина сега и со нас!“.

Мицкоски смета дека младите тука го имаат системот против себе и, како што рече, потребно е со заеднички напори да се смени тој систем кој е пречка за остврување на нивните соништа.

-Затоа Унијата на младите сили ќе ја има мојата поддршка. Заедно овие години ги водиме сите битки, заедно се надополнуваме, заедно растеме во нашите искуства, заедно се радуваме и тагуваме за сите наши порази и победи. И заедно овој пат тргнуваме во последната, но најважната битка да ја промениме оваа грда слика на тежок живот, чемер, страдања и упропастен систем и она што е најважно заедно да победиме. Не еден покрај друг, туку еден до друг. Заедно да изградиме иднина, порача Мицкоски.

можеле да доведат до уставни измени. Иако шансите реално тие да се случат не се ни ниту теоретски, рече Мицкоски.

Во тој контекст за жал, додаде, се темели на нивниот план за непринципиелна соработка на СДСМ – ДУИ и за жал, некои делови од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

-Сакам да одговорам уште на една теза, што сме правеле овие пет и половина години во опозиција како раководство. На почетокот од 2018 година ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше предизвикот исправен пред нејзе да биде прогласена како терористичка организација е избришана од регистарот во кој функционираше како политичка партија, со замрзнат имот, со блокирана сметка, меѓународно изолирана, бевме среќни ако некој по ходници здраво ни направеше. Тоа беше реалноста таа зима 2018, чекор по чекор благодарение на вас, на народот дојдовме до оваа двојна победа која се случи на локалните избори во 2021 година.

Историска победа која не ја направила ниту една политичка партија од позиција на опозиција. Денеска ВМРО-ДПМНЕ има двојно повеќе градоначалници од власта, денеска ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група во парламентот, денеска ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 30 проценти повеќе членови на Советите во општините. Денеска ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот има два пати поголем рејтинг од владејачката СДСМ и за неколку месеци од денеска ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе постигне уште еден историски резултат, а тоа е историска победа на претседателките избори и историска победа на парламентарните избори, рече Мицкоски.

Најави дека овој период ќе бидат на терен со граѓаните и оти ќе направат јасна линија „на оние кои и во опозиција се слуги на власта и да не се ситни браната против оваа власт“.