Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посетата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје изјави дека рехабилитацијата на студентските домови е значаен проект кој долго време бил заглавен во лавиринти, процедури, но сега конечно се реализира.

„Ова е многу значаен проект, не само за овој студентски дом, туку генерално за сите. Конечно е одглавен. За нас е важно да се заврши и младите луѓе да добијат повеќе од добри услови за сместување“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека според она што го видел на терен, разликата во однос на претходната состојба е огромна, и изрази надеж дека студентите ќе почнат да се вселуваат веќе следната година.

„Нашата цел како Влада е реализација на проекти и реформи, бидејќи тоа го очекуваат граѓаните. Да градиме, а не како во минатото кога се крадеше ужасно многу“, изјави премиерот./  МАКФАКС