Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски е подготвен на лидерска кога станува збор за национални и државни интереси, но на неа треба да се разговара и што по неуспехот на уставните измени, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во нивното соопштение се вели:

Кога станува збор за националните и државни интереси на Македонија, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски е подготвен да разговара во било кое време. Доколку постои желба за национално единство и слушање на гласот на мнозинството, прифаќаме лидерска средба на која треба меѓудругото да се види што ќе се прави во периодот по неуспехот на тие уставните измени и иднината на граѓаните која треба да се обезбеди.

Ковачевски попладнево изјави дека ќе го повика Мицкоски на средба да разговараат, како што рече на две теми, за интеграцијата во ЕУ и односите со соседите.