Мицкоски потенцираше дека во медиумите излегуваат делови каде приватниот партнер си го штити својот интерес и тоа што не нормално владата наместо интересот на граѓаните и државата го штити интересот на приватниот партнер.

– Сега излегуваат со некакви соопштенија каде што велат дека не се та пенали, туку биле дополнителни трошоци. Човек да не може да се изначуди на нивната глупост на отворена сцена.  Затоа го имаме Пендаровски кој во улога на аналитичар се служи со народни мудрости, наместо да каже што ќе преземе. Јас го повикувам да не се крие позади Собранието и да излезе да се одважи и тие законски решенија кои ќе дојдат кај него да не ги потпише. Да не го суспендираме правиот поредок во државата и Уставот и еднаш во овие 5 години како претседател да одработи во интерес на граѓаните и државата, изјави Мицкоски.

Мицкоски посочи дека Пендаровски со вакви изјави не престанува да се нуди на владејачката коалиција СДСМ, ДУИ и останатите мислејќи дека ќе биде повторно претседателски кандидат и ако тие го поддржат пак така заедно дека тој ќе биде практично иден нивен кандидат и според него да биде претседател.

– Морам да го разочарам дека тој е најпосакуваниот противник за опозицијата на следните претседателски избори бидејќи сигурно ќе доживее дебакл од граѓаните и ќе изгуби, така што сите овие гимнастики и салта на отворена сцена не му доликуваат и не му личат бидејќи сепак некакво портфолио на политичката сцена и треба достоинствено уште овие неколку месеци да ги одработи и да замине во историјата како еден лош пример како треба еден претседател да се однесува на една држава, нагласи Мицкоски.