„Никој не се родил учен, сите стекнуваме и го градиме нашиот интелектуален капацитет во животот. Јас сакам секојдневно да учам колку што е можно повеќе, да слушам и нормално врз основа на информациите и аргументите кои што пристигнуваат кај мене, да носиме одлука. Ова се времиња кога мора да се носат одлуки, затоа што многу внатрешни проблеми треба да се решаваат и тука ценам дека невладиниот сектор е многу значаен“, вели премиерот Христијан Мицкоски.
„Благодарност до Амбасадата на Швајцарија, која е покровител на вакви настани и што ги помага невладините организации. Очекувам и дека овој дијалог во иднина ќе продолжи и ќе биде уште поуспешен и од овој дијалог резултатот ќе бидат некои нови политики кои што ќе имаат само додадена вредност во квалитетот на животот во нашите граѓани. Така што уште еднаш посакувам да биде успешен настанот. Благодарност до организаторите, до Швајцарската амбасада, и се надевам дека и вие медиумите ќе слушнете ново што ќе биде како што кажав додадена вредност за квалитетот на животот на нашите сограѓаните“, посочува Мицкоски.