Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер за нешто, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со пополнување на испразнетите ресори, поради заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција во Чаир, а тој беше и прв вицеремиер и министер за животна средина.

Мицкоски најави дека оваа недела ќе се знаат имињата и кажа дека тоа се оние имиња кои горе долу циркулираат во јавноста.

„Можам да кажам дека оваа недела ќе се знаат имињата. Но она што е сигурно е дека политичките партии коишто ја сочинуваат коалицијата ВРЕДИ, оние ресори, оние портфолија коишто досега беа во Владата ќе ги задржат. Така што, тука нема да има дополнителни промени, нема да има дополнителни сектори. Тоа е договорено во рамки на нашата заедничка коалиција“, рече Мицкоски.

Текстот Мицкоски: Нема да има нови ресори, еден ист човек ќе биде и вицепремиер и министер е превземен од МАКФАКС.