Премиерот Христијан Мицкоски при посетата на Будимпешта изминативе денови не се сретнал со избеганиот поранешен премиер од ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски. Мицкоски најави дека многу скоро со докажи ќе покаже дека функционери од на СДСМ и ДУИ се среќавале со Груевски.
„Не, не се сретнав, но доколку би се сретнал ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот ‘вистината е најточна’. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи, јас тоа го кажувам, немам зошто да кријам бидејќи немам што да кријам, совеста ми е секогаш чиста. Но, исто така во име на таа вистина можам да потврдам, а многу скоро и со докази, дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ се среќаваме во Будимпешта со господинот Никола Груевски за што, за жал, не дадоа искрен одговор, како што јас кога би се сретнал би дал“, рече премиерот Мицксоки денес одговарајќи на новинарски прашања при посетата на населбата Јака во општина Илинден .
Премиерот Мицкоски и министри од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, изминативе два дена беа на втор меѓувладин самит во Унгарија.
Текстот Мицкоски не се сретнал со Гуевски во Будимпешта, но кажа дека наскоро и со докази ќе покаже дека функционери од СДСМ и ДУИ се среќавале е превземен од МАКФАКС.