Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да го коментира случајот со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април велејќи дека станува збор за судска одлука.
„Тоа е судска одлука. Не би имал што да додадам и да коментирам. Се сеќавате, и во текот на расправата имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес, така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар“, рече Мицкоски.
Во текот на вчерашниот ден беше објавено дека Обвинителството поднело барање Законот за амнестијата да важи за поранешните министри Миле Јанакиески, Спиро Ристоски и за поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, но но и за Владимир Атанасовски.
Следното рочиште за овој случај е закажано за 23 јануари.
Текстот Мицкоски не сакаше да ја коментира можната амнестија во случајот со крвавиот четврток – „Тоа е судска одлука“ е превземен од МАКФАКС.