Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од  актуелната власт не очекува разрешница на случајот „Диво месо“ или  скандалот со Онкологија за случувањата во текот на изминатата и оваа година. Тој денеска при посетата на Општина Радовиш истакна дека од негова страна биле изнесени многу докази, факти, документи, добиени од свиркачи, а како што вели Обвинителството најмалку што требаше да направи е да ги повика да дадат исказ по допрен глас.

-Но, како што можете да видете, тоа не се случува. Жалам што е тоа така и навистина очекував малку повеќе човечност од страна на Владата на СДСМ и ДУИ и оние органи на истрагата. Но, за жал тоа нема да се случи, но затоа пак идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ има озбилна намера, сериозно да се пресмета, со оваа би рекол „канцер мафија “ и сите оние виновници да ги изведе пред лицето на правдата, рече Мицкоски.

Прашан за најавите на министерот за економија, Крешник Бектеши дека храната ќе поевтини, Мицкоски со коментар дека актуелниот министер или долго време не влегол во маркетите, или не знае што се случува. Посочи дека најлошо е кога политичарите го зборуваат она што не го чувствуваат граѓаните.

-Можеби тој го изгубил тлото под нозетет, како впрочем и цела Влада на ДУИ и на СДСМ. Одамна заборавиле со какви маки се соочуваат граѓаните. Денеска за жал во маркетите имаме храна, којашто има европски цена, но за жал стандардот е да ми простат е полош од афричките држави, вели Мицкоски.

Порача дека добрата е вест е што за неколку месеци актуелната власт ќе си замине, а на нивно место ќе дојдат луѓе кои ќе се грижат за какошто рече иднатата на Македонија.