Партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ не го дочека интонирањето на државната химна на одбележувањето 120 години од Илинденското востание. На церемонијата на Мечкин камен во Крушево делегацијата ја предводеше претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Сепак, тие го напуштија чествувањето пред да се интонира „Денес над Македонија“, од непознати причини.
Од партијата претходно најавија дека Мицкоски, по положувањето цвеќе на Мечкин камен ќе го одбележи празникот во струшкото село Ташмаруниште.
Инаку, претседателот на Собранието Талат Џафери ја предводеше високата државна делегација по повод Денот на Републиката – Илинден во Крушево. Цвеќе положија и голем број граѓани и партиски делегации.