Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владин тим оствари средба со синдикатот на здравствените работници.
На средбата стана збор за положбата на докторите и останатиот здравствен персонал. Се разговараше за потребата за зголемување на платите, но и зголемување на учинокот, како и поголема рамномерност во ангажирањето на здравствените кадри.
„Владата ја афирмираше заложбата за почитување на трудот на лекарите и сите здравствени работници, како и потребата за унапредување на условите за работа и поголема достапност на здравствените услуги за граѓаните на кои им е потребна лекарска грижа“, информираа од владината прес-служба по средбата.
Една од областите која беше наследена каде состојбите се најлоши е токму здравството каде граѓаните имаа бројни забелешки. Основната компонента за враќање на достоинството на медицинската професија е создавање на услови за задоволни лекари и здравствен персонал, и тоа ќе биде приоритет во овој дијалог, како и паралелно инвестирање во здравствени капацитети и опрема. Во тој поглед се реализира проектот за вработување на 600 специјализанти и млади лекари, продолжуваат инвестициите во Штипската болница, како и повеќе инвестициски процеси на повеќе болници од комплексот клиники Мајка Тереза.
Дијалогот меѓу Владата и синдикатот продолжува и во наредниот период.
Текстот Мицкоски на средба со синдикатот на здравствени работници: Приоритет е подобрување на здравствената заштита на пациентите е превземен од МАКФАКС.