Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Тирана, Албанија, присуствува на Самитот на лидерите „Нашиот пат кон ЕУ“.
„Овој значаен собир претставува одлична прилика за продлабочување на дијалогот и зајакнување на заедничките напори на земјите од Западен Балкан во процесот на приближување кон Европската Унија“, вели Мицкоски.
Тој додава дека нашата земја останува решително ориентирана кон европските интеграции и регионалната соработка, како клучни столбови на нашата заедничка визија за просперитетен Западен Балкан.
Текстот Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана: Одлична прилика за зајакнување на напорите за приближување кон ЕУ е превземен од МАКФАКС.























