Премиерот Христијан Мицкоски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

„Денеска се одржа проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Анџела Агелер.
На средбата беше изразена благодарност за нејзиниот ангажман, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави“, објави на социјалните мрежи Мицкоски.

Информира дека во пријатна и конструктивна атмосфера биле разменети мислења за досегашната соработка, како и за значењето на партнерството и заедничките вредности.

„Упатени беа искрени желби за успех во нејзините понатамошни професионални ангажмани“.

Текстот Мицкоски на проштална средба со Агелер: благодарност за ангажманот, поддршката и придонесот во унапредувањето на односите меѓу двете држави е превземен од МАКФАКС.