Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска (10:30) ќе го означи почетокот на изградбата на новото ОУ „Свети Климент Охридски“, во село Драчево, Општина Кисела Вода, соопшти владината прес-служба.

На поставувањето на камен темелникот ќе присуствуваат и министерката за образование и наука Весна Јаневска и градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

Новото училиште ќе биде со капацитет од 500 ученици, 19 училници, канцеларии и други придружни простории.

Предвидено е по настанот премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.