Смешен е Мицкоски кога го обвинува СДСМ дека слугува на ДУИ, обидувајќи се на тој начин да го прикрие сопствениот срам. Мицкоски кој како опозициониер тврдеше дека кога ќе дојде на власт ќе расчистел со криминалот на ДУИ, прва работа што направи е да го пушти Артан Груби да избега. За една година власт, ниту еден функционер на ДУИ не е допрен, велат од СДСМ.
Во исто време, додаваат од опозициската партија, Мицкоски молчи и за криминалот на својот актуелен партнер Изет Меџити, криминал тежок 225 милиони евра.
„Молчи и го штити за дивоградбите во Чаир, молчи за злоупотребите на Гаши, молчи за скандалите на косовската граница, каде терористи, барани со потерници, слободно поминуваа. Флоскулите му се празни, а граѓаните гледаат и разбираат. Му порачуваме да молчи на оваа тема, затоа што за тој да го спаси својот коалициски партнер ги издаде челновите на ВМРО-ДПМНЕ и сите граѓани и нема да има ниеден кандидат за градоначалник во западна Македонија“./ Макфакс