– Од тоа што можев да го видам во договорот кој беше приложен во медиумите е дека доколку во рок од 45 дена од потпишувањето на тој договор не се смени законот за работни односи и не се продолжи работната недела од 40 на 60 работни часа, тогаш Македонија треба да плати еднократен финансиски надомест, пенали од миниум 53 милиони евра, рече Мицкоски.
Тој додаде дека тоа не е се, дополнително околу 2 милиони евра секој месец се до моментот додека не се промени овој закон.
– Сакам да кажам дека и Уставниот суд по ова прашање се изјаснил многу пати во минатото, некој свесно знаел дека ова што се бара е невозможно и одлучил да го направи, односно да потпише договор кој свесно презема обврска буџетот на Македонија, на сите граѓани да исплати би рекол стотици милиони евра пенали на компанијата која е изведувач, истакна Мицкоски.
Мицкоски посочи дека од власта можеби мислеле имајќи го предвид партизираното обвинителството каде еден коалиционен партнер си поставува обвинител во делот за организиран криминал и корупција и со Кацарска претседателот на Уставен суд дека ќе ја сменат својата одлука од минатото и можеби на тој начин под притисок на овие политичари ќе донесат спротивна одлука на одлуките дека е неуставно зголемувањето на работната недела.
– Ова е шокантно и јавно кажувам дека по промената на власта и по формирање на владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе има одговорност. Јавно им кажувам и на Ковачевски и на Артан Груби дека ќе има одговорност. Ова се средства кои ги плаќаат граѓаните и тешко ги заработуваат. Граѓаните не ги заработуваат парите со тоа што местат државни тендери и земаат дебели провизии, туку крваво заработуваат по овие ниви што ги гледаме и се молат да добијат вода, за да може да извадат денар плус да ги прехранат своите семејства и да го платат данокот кој некој го краде. За ова ќе има сериозна одговорност, изјави Мицкоски.