Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за мигранти. Вели дека додека тој е премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти во земјава.
„Додека ја сум премиер, додека јас сум претседател на оваа влада, нема да никне ниту еден шатор во кој што ќе бидат сместени илегални мигранти и нема да примиме ниту еден илегален мигрант“, рече Мицкоски.
Напротив, додаде тој, ќе ја зајакнеме нашата борба заедно со нашите сојузници во рамките на НАТО против илегалната миграција.
Мицкоски, исто така, кажа дека оваа тема не била рзговарана со Велика Британија,
„Да потенцирам и да кажам јасно и гласно пред македонската јавност дека таква тема не е разговарана, но доколку се разговара, исто така, ќе биде одбиена од наша страна“, рече Мицкоски.
Текстот Мицкоски: Додека сум јас премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти е превземен од МАКФАКС.























