Како држава сме мултиетничка средина и повеќе заедници живеат и на тој начин го збогатуваат практично ова наше заедничко семејство наречено Македонија. Денеска е празник на турската заедница, би сакал оваа прилика да го честитам и да изразам задоволство што можеме да го чествуваме заедно, истакна премиерот Христијан Мицкоски.
-На овој начин практично покажуваме дека ние воопшто немаме фрустрации и стереотипи, туку напротив сакаме да бидеме едно семејство без разлика на нашите различности, да бидеме обединети и тоа наше заедничко семејство коешто го составуваат сите овие наши различности заедно да го штитиме, бидејќи семејството се сака, но и се штити.
Сите ние, граѓани на нашата Македонија без разлика на нашата етничка припадност, верска припадност сме дел од ова ќе повторам наше заедничко семејство и сакам да верувам дека сите ние подеднакво заедно си го сакаме ова наше заедничко семејство и како такво ќе го штитиме.
Така што уште еднашка ми преставува чест на покана на Иван што сум денеска дел од овој преубав настан и да уште еднаш го честитам овој ден на турската заедница и да посакам уште многу вакви чествувања за сите заедници во нашата татковина, потенцира Мицкоски.