Обвинителството да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, следење и прислушување ја подриваaт демократијата и државата, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Според него, во едно демократско општество какво што сакаме да бидеме, следење и прислушкување на опозициски лидер, бизнисмени и новинари е сериозен удар и закана врз слободата и довербата во институциите.

„Кога службите што треба да ја гарантираат нашата безбедност биле злоупотребувани за лични и политички цели преку неовластено следење и прислушкување на политички опоненти и неистомисленици, тогаш се губи довербата во целиот систем. Тоа не е само нарушување на приватноста и кршење на законите, туку и опасен преседан што ја подрива демократијата и државата. Јавноста мора да знае кој, како и зошто во ОЈО дозволил злоупотреба и неовластена употреба на ПИ мерки? Зошто и за која цел биле прекршени законски пропишаните процедури? Дали токму затоа СДС и ДУИ во Собрание НЕ гласаа за недоверба и смена на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски?“, напиша Мицевски на „Фејсбук“.

Токму затоа, додава тој, уште еднаш го повикуваме обвинителството веднаш да реагира и да спроведе темелна и сериозна истрага, за да добиеме гаранција дека секој граѓанин ќе биде заштитен од ваква брутална злоупотреба на механизмите и системот.

Текстот Мицевски: Обвинителството да спроведе темелна и сериозна истрага за прислушкувањето е превземен од МАКФАКС.