Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска соопшти дека буџетскиот дефицит во првите шест месеци од годинава изнесува 287 милиони евра.
„Тоа е нов долг за Македонија и граѓаните. Во периодот од 1 јануари 2021 до 22 јуни 2021 Владата на Зоран Заев и СДСМ го задолжи секој граѓанин за нови 8.840 денари или за 143 евра“, напиша Мицковски на фесјбук.
Тој вели дека само една третина од новото задолжување се вложени во капитални инвестиции, а останатите 190 милиони евра не се знае каде исчезнале.
Според него, граѓаните на локални избори ќе одлучуваат дали сакаат да живеат во секојдневие на криминал, корупција, банкрот, долгови и безидејност што го нуди СДСМ или во нивниот план за иднината, Македонија за сите луѓе.