Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва се закани дека директорот на Државниот завод за статистика и сите учесници во политичката операција попис, ќе понесат кривична и прекршочна одговорност.
“Оваа операција ќе биде сѐ, само не статистичка, туку политичка операција и сите соучесници во оваа операција треба да се свесни дека во еден момент некој ќе ги испита нивните потези и ќе повика на кривична одговорност, а кај некои и прекршочна одговорност за тоа што го прави“, изјавил Мицкоски во интервју за Македонско радио.
Тој тврди дека владината коалиција помеѓу СДСМ и БЕСА е на стаклени нозе, бидејќи, Заев не може да го исполни договорот со Билал Касами за етничката припадност во личните карти.
„Зоран Заев се консултирал со еден странски дипломат и добива укор од истиот дека ако ова влезе, да ние како нација се заведиме како Македонци кои што се со сета своја посебност македонски народ, тогаш тоа би значело прекршување на Преспанскиот договор. Тогаш Зоран Заев на неговиот коалициски партнер му вели дека тој не може ова да го поддржи и тогаш настануваат сите проблеми внатре во коалицијата“, вели Мицкоски.