Шест до седум пратеници од мнозинството наскоро би можеле да гласаат за формирање нова влада најави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христиан Мицковски, кој не исклучува формирање на нова влада.

Мицковски не открива кои се пратениците што би гласале за новата влада но тврди дека интерпелацијат на Димитров покажал дека Заев не контролира 62 пратеника

„Наместо да се извртуваат тезите, треба да се запраша каде исчезнаа седум пратеници кои пред само шест месеци го гласаа Никола Димитров. Да не се случи тие шест или седум пратеници да гласаат за некоја друга влада или за некое друго парламентарно мнозинство и тоа набргу од денес”, рече Мицкоски.

Власта уверува дека мнозиството од 62 пратеника е стабилно и препорачуваат опозициската ВМРО-ДПМНЕ да се реформира.

Генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер Љупчо Николовски уверува дека на мн озиството ќе се приклучат нови пратеници.

“Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата”, рече Николовски.