Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека методологијата за пописот ќе донесе непотребно до двојна операција.

“Пет проценти се оние граѓани кои треба да се посетат теренски и да се посетат лично. Тоа се десетина илјади граѓани, што значи нема потреба од 30.000-35-000 попишувачи, туку доволно ќе бидат 300-400 попишувачи”, нагласи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага да се користат само електронските бази на податоци со кои располагаат институциите, а на терен да се посетат само оние за кои постои сомнеж во податоците.

Според него, ако бидат обезбедени терминалите за отчитување на отисокот на прстот голем дел од дубиозите, лагите, измамите можат да се откријат.