Луѓе умираат, живи ти горат, а твојот одговор е насмевка, небаре здравството ти цвета. Што се гушкате и смеете со Заев, мислевте ви поверувавме кабелот е виновен и завршивте работа. Ти Зоран Заев, лично со твојот пулен Филипче сте одговорни за смртта на овие луѓе, кажа лидерот на ВМРО ДПМНЕ.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Хрситијан Мицкоски на денешниот митинг во Петровец, јавно го праша Зоран Заев зошто го шета Венко Филипче, на Филипче му порача зошто се смее и радува кога 14 живи луѓе му изгореа во болница, нагласувајќи дека нема да се помири со извештајот во кој виновни за несреќата се кабелот и струјата.
Сакам директно да прашам Зоран Заев и тие неколкумина кои што останаа околу него, зошто го шетате Венко Филипче насмеан и раскезен по митинзите на СДСМ? А на него сакам лично да му поставам прашање што се смееш и радуваш човеку? Луѓе умираат, живи ти горат, а твојот одговор е насмевка, небаре здравството ти цвета. Што се гушкате и смеете со Заев, мислевте ви поверувавме кабелот е виновен и завршивте работа. Ти Зоран Заев, лично со твојот пулен Филипче сте одговорни за смртта на овие луѓе. Направена е бизнис зделка од ваш интерес со ваш пријател, од која е исклучена целосно локалната самоуправа, за да не може да ве контролираат и да ве спречат. Нема никогаш да прифатам дека одговорен за смртта на 14 луѓе може да биде кабел, а не оние кои менаџираат со трулиот систем, вели Мицкоски.
Ова мораме да го стопираме само ако одговорноста има име и презиме, а јас нема да се помирам со некаков извештај или глупав изговор смислен за дефокусирање на јавноста и ќе бараме одговорност, и ќе има одговорност додека не се изведат виновниците пред лицето на правдата, дециден е Мицкоски.