Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи порача дека Заев ветувал дека Македонија ќе има европска иднина, а не може земјава да ја мрдне од Африка. Како што пишува тој, ветуваше живот, а државата станала мизерија.

-Македонија со Владата на Заев и официјално е “хибриден режим” кој е “најкорумпиран” во Европа. Според Индексот на демократија, во 2020 година е на 78. место или не сме напреднале споредено со минатата година на ранг листата што ја прави „Економист“, повторно прогласувајќи ја земјава за хибриден режим. Ако според Транспаренси Интерационал сме една од најкорумпираните држави во Европа во групата со Танзанија, Буркина Фасо, Колумбија, Гамбија, според Индексот за демократија сме хибриден режим заедно со Ел Салвадор, Украина, Бангладеш. Дијагнозата е мафија, одговорот мора да е народот! Ќе победиме, затоа што друг избор нема Македонија, напиша Мицкоски.